Покрај сите проблеми, како ќе изгледа ФК Вардар во новата сезона? - Слободен печат
СпортФудбал

Покрај сите проблеми, како ќе изгледа ФК Вардар во новата сезона?

Фудбалерите на Вардар означија старт на летните подготовки, а забележаа и една победа против градскиот ривал, тимот на Работнички од 2:1.

Во новата сезона која започнува на средина на идниот месец, Вардар ќе влезе без нови имиња освен оние кои се вратени од позајмици, или прекомандувани од младинскиот во првиот тим. Во овој момент во тимот има само три официјални заминувања.

Како би изгледал новиот тим, односно почетните 11-мина на Васоски, кои ќе треба да го понесат главниот товар оваа сезона во ПМФЛ и Купот на Македонија?

Веројатен состав според „Вардар фанс“: Гачевски, Новак, Манев, Брдаровски, Жуниор, Мицевски, Најдовски, Адем, Аврамовски, Попзлатанов и Колевски (Ибиши).

Замени/нови имиња од младинскиот погон: Тошевски, Цветаноски, Серафимов, Илиќ, Димоски, Младеновски,Реџепи,Трајчевски, Андов, Наумчески, Велковски, Манасиевски, Стојчески, Игнатов, Омерагиќ, Радевски, Ѓурковски, Божиноски, Јусуф..

Од клубот си заминаа: Горан Попов, Вилијан Лира и Хуан Фелипе. Сеуште е неизвесна иднината на Кларенс Битанг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close