Значи има вистина: Фудбалерите на Вардар во дилема, се чека на Самсоненко! – Слободен печат
СпортФудбал

Значи има вистина: Фудбалерите на Вардар во дилема, се чека на Самсоненко!

ФК Вардар оваа сезона се соочи со многу проблеми, пред се финансиски, а освен тоа остана и без лиценца за настап во Лига Европа.

Токму и нестабилната финансиска состојба во Вардар и долговите кон фудбалерите за неисплатени плати, се причината за недобивањето на лиценцата за настап во Европа.

Во еден многу краток разговор со еден од фудбалерите на Вардар, најпрвин нели човечки е да се праша „Како сте, како оди“, а тој директно ни даде ваков одговор:

– Еве, чекаме како ќе биде со Русинот (се мисли на газдата Сергеј Самсоненко) –

Фото: ФК Вардар

Ни потврди дека од финансиски аспект е подобрена ситуацијата во машкиот ракометен клуб на Вардар кој неодамна ја освои и втората титула во Лигата на шампионите.

Од друга страна се согласи и со нас дека Самсоненко треба да излезе пред јавноста и да ги прецизира сите детали околу судбината на ФК Вардар, па и на ракометниот клуб со кој изрази желба дури и за освојување на трета европска титула.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во меѓувреме на социјалната мрежа „Фејсбук“ се објави една иницијатива за спас на фудбалскиот клуб Вардар.

Се вели дека ФК Вардар се соочува со огромни финансиски проблеми, се наоѓа во тешка криза, а згора на тоа и „казнет“ со неможност за купување на нови играчи.

Почнаа и заминувањата од Вардар, Жуниор се очекува да оди во белградски Партизан, Фелипе се поврзува со Шкендија, им завршуваат договорите на Брдаровски, Манев, Мицевски, Лира, Најдовски, Битанг и Аврамовски. И младата вардарова надеж Адем се поврзува со голем трансфер во Фенербахче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close