Македонскиот „Фелаини“ на радарот на Фенербахче – Слободен печат
СпортФудбал

Македонскиот „Фелаини“ на радарот на Фенербахче

Тимот на Фенербахче го пронајде новиот македонски „Дијамант“ или ако сакате „новиот Елиф Елмас“, пишуваат турските медиуми.

Од една страна Елмас се очекува за 15 милиони евра летово да направи трансфер во една од Топ 5 европските лиги.

Еден од најталентираните фудбалери на Вардар, Али Адем е „мета“ на еден од турските великани. Ако си замине Елмас, Фенер го гледа Адем како негова замена.

Фенербахче покажал интерес за услугите на Адем и планира да го ангажира без обесштетување.

Адем или „македонскиот Фелаини“ роден во Скопје е дел од младинските категории на Вардар. Лани настапуваше за У18 репрезентацијата на Македонија.

Овој евентуален трансфер во Истанбул би бил добредојден за уште поголем развој на неговиот фудбалски талент.

Својот прв настап во сениорскиот тим на „црвено-црните“ го имаше во пролетниот дел од сезоната 2017/2018. Од тогаш е дел од првата екипа на Вардарци, и игра на позицијата последен играч за врска.

Да додадеме уште дека интерес за бразилскиот лев бек на Вардар, Жуниор, покажал белградски Партизан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close