Погледнете само дел од возниот парк на Лепа Брена и нејзиното семејство (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ поседуваат вистински возни парк, а во еден ден дури четири различни автомобили излегоа од дворот на нивната луксузна вила на Бежаниска коса во Белград.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ еден ден го следела семејството Живоиновиќ и во таа прилика успеаа да забележат само дел од нивниот возен парк.

Прв од вилата излегол Боба со неговиот „Мајбах“. Нешто подоцна од семејната куќа излегол и синот Стефан со скапоцен автомобил од марката „Порше“.

Исто така и Брена го напуштила домот тој ден, но за разлика од сопругот и синот, таа возела „Форд“ чија цена изнесува околу 2.000 евра.

Во текот на денот од нивниот двор излегло и „БМВ“, а пејачката и нејзиното семејство покрај овие автомобили, во својот возен парк поседуваат и „Јагуар“, два џипа „Мерцедес“, „Бентли“ и „Ауди“.

Погледнете го низ фотографии нивниот возен парк:

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот