Почнува селекцијата на отпадот во Струмица, поделени 1.200 канти

Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“  денеска почна со делење на втора канта на домаќинствата за селекција на пластичен отпад, во рамки на проектот „Еко паметни општини“.

Со доделување на 1.200 канти денеска беше опфатена населбата Карпош и сите улици на потегот од улицата Браќа Миладинови до улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, како и од булеварот Климент Охридски до булеварот Маршал Тито.

– Со оваа акција и официјално се почнува со селектирањето отпад во Струмица, кое во наредниот период постепено ќе се прошири и на целата територија на Општината. Се надеваме на поголема еколошка свест кај граѓаните што е од најголема важност за успехот на овој проект со кој ќе се обезбеди поквалитетно управување со отпадот и, пред сè, поздрава и почиста животна средина – информираа од струмичкото комунално претпријатие.

Кантите кои се обележани со лепенка за рециклирање се обезбедени од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица и ќе се делат бесплатно, а комуналното претпријатие со посебно возило ќе го подига овој вид отпад секоја среда.

Од „Комуналец“ напоменуваат дека новите канти служат само за одлагање на пластични шишиња (ПЕТ амбалажа) и лименки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот