Фото: Фејсбук / Патувања низ Македонија - Travelling around Macedonia

Почнува постапка во суд за тинејџерките што малтретираа девојче во Ѓорче — обвинителот побарал и мерки на претпазливост

Јавен обвинител денеска поднел барање за поведување на подготвителна постапка до судија за деца во Кривичниот суд Скопје за четирите тинејџерки кои малтретираа 13-годишно девојче во скопската населба Ѓорче Петров. Тие се гонат за насилство, но постапката за нив се води според Законот за правда за децата.

Обвинителот поднел и предлог за определување мерки на претпазливост за девојчињата.

-Во меѓувреме, во врска со истите настани, до Основното јавно обвинителство Скопје вчера се доставени шест кривични пријави по член 201 од Кривичниот законик – Запуштање и малтретирање дете, против лица кои како родители ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, а како резултат на тоа малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело Насилство, односно физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Пријавите се распоредени и по нив се постапува за обезбедување докази за проверка на наводите во редовна постапка – велат од Обвинителството.

Според Законот за правда за децата, истражната постапка ќе се води во Судот, а потоа предметот се враќа во Обвинителството кое одлучува дали ќе поднесе предлог за санкции. МВР поднесе пријави против четирите девојчиња и шест пријави против нивните родители за ужасното насилство кое се случувало во два наврати, на крајот на март и една недела подоцна.

Приведен гостиварец, се сомничи дека силувал малолетничка, па објавувал снимки на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот