Почна уривањето на времениот објект на покривот од ГТЦ

Кров од ГТЦ
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Два дена по најавата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, почна да се урива времениот објект на покривот на ГТЦ.

Со активностите ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, како и демонтажа на покривот и на челичната конструкција над подот, соопштија од Град Скопје.

-По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на архитекти и иницијативата „Го Сакам ГТЦ”, Град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за „зелен покрив” на ГТЦ, се посочува во соопштението.

Во меѓувреме, се работи на останатиот дел од покривот. Во текот на следната недела, како што се најавува, ќе почне поставувањето на земјената подлога, а кон крајот на овој месец може да се очекува поставувањето на првото зеленило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот