Почна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски единствен кандидат за последен мандат
Ако нешто научивме во сите овие години, тоа е дека Македонија не паѓа кога е тешко – паѓа кога се откажува. Денес одбиваме да се откажеме. Одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции. Одбиваме да веруваме дека нашите деца треба да си заминат надвор за да успеат. Одбиваме да ја прифатиме приказната дека Македонија е премногу мала за големи работи, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е и актуелен претседател на Владата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци, Мицкоски пред сопартијците и симпатизерите на партијата рече дека Македонија влегува во деценијата на зрелост и дека државата мора да успее.
– Македонија е доволно голема колку што е голема нашата волја да ја направиме подобра. И денес таа волја постои. Зрела е. Посилна од било кога. Затоа што денес не почнуваме нешто ново – денес продолжуваме нешто започнато пред генерации. Го продолжуваме стремежот за државност; за достоинство; за место под Сонцето што никој не може да ни го одземе. Нека се слушне од оваа сала до секој дом во земјава: ова е времето на создавање, не на чекање. На визија, не на страв. На обединување, не на пресметки. На изградба, не на извинување. Македонија влегува во деценијата на зрелост. А ние, собрани денес, сме должни да бидеме генерацијата што ќе ја постави темелната линија: дека државата може, дека државата знае и дека државата ќе успее. Ова е нашето ветување. Ова е нашиот завет. Ова е нашата мисија, подвлече Мицкоски.
Рече дека државата не се гради со зборови, туку со карактер и дека иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки.
Од Верификационата комисија беше утврдено дека од 849 делегати, ана Конгресот се присутни 815, со што се исполнети условите за полноправно одлучување на Конгресот. Се очекува пред делегатите и гостите да се обрати лидерот на партијата премиерот Христијан Мицкоски.
На Конгресот се очекува да биде реизбран Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата. Конгресот се одвива под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, а се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“.


