Почина Жак Рог, поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет

Жак Рог беше прв човек на ИОК од 2001 до 2013 година/Фото: EPA/YNA

Поранешниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Жак Рог почина на 79-годишна возраст, објави денеска организацијата.

Белгиецот беше претседател на Меѓународниот олимписки комитет во периодот од 2001 до 2013 година.

– Со голема тага, ИОК ја објавува смртта на поранешниот претседател Рог – се наведува во соопштението.

Рог беше осми претседател на ИОК во историјата, а во 2013 година го наследи актуелниот претседател, Германецот Томас Бах.

– Ќе остане запаметен по започнувањето на Олимписките игри за млади – рече Бах, додавајќи дека Рог го сакаше спортот и ја пренесе својата страст на сите кои го познаваа.

Рог ја претставуваше Белгија во рагби и беше светски шампион во едрење. Тој се натпреваруваше во Фин класата на три Олимписки игри во периодот од 1968 до 1976 година.

ВИДЕО: Им се оствари сонот, параолимпијците од Авганистан пристигнаа во Токио

Видео на денот