Фото; Принтскрин / Инстаграм

Почина таткото на Васил Зафирчев, актерот со емотивна објава се прости од него

Нашиот познат актер Васил Зафирчев преку објава на социјалните мрежи сподели дека го загубил најважниот човек во неговиот живот – татко си.

Актерот со емотивни зборови, полни со болка, се прости од својот татко Трајче Зафиров, кој денеска почина по кратко и тешко боледување.

– Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување. Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето. Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене.

До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој! – напиша Васил покрај фотографијата од својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Zafirchev (@vasilzafirchev)

Интервју со Васил Зафирчев: Со Калиопи и денес го делиме секојдневието и љубовта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот