фарук омерагиќ
Фарук Омерагиќ беше долгогодишен спортски работник и активист во културата и уметноста/Фото: facebook.com/faruk.omeragic.mk

Почина Фарук Омерагиќ, претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје

Вчера во Скопје по кратко боледување почина Фарук Омерагиќ кој беше актуелен претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје, воедно и долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.

Омерагиќ (роден 16 февруари 1952 година) беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација, а во својата кариера беше и кошаркар.

Тој им помогна на многу македонски пливачки надежи преку Градскиот пливачки сојуз на Скопје.

Исто така беше и истакнат општествен работник и организираше многу манифестации за младите, и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Пред две години објави книга, поезија, „Воздишка“.

Погребот ќе биде на 13 февруари на Градските гробишта во Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот