Тендер вреден 250 милиони евра: „Хенел” ќе биде нов производител на пушки за германската армија

Фото: EPA-EFE/Markus Schreiber / POOL

Германската Влада ја избра фирмата „Хенел” на тендерот за нов производител на пушки за германската армија, со што е истиснат долгогодишниот снабдувач, компанијата „Хеклер и Кох“.

„Хенел”, кој е во сопственост на компанија со седиште во Абу Даби, победи на јавен тендер за договор вреден 250 милиони евра и ако одлуката на владата не биде законски оспорена, договорот треба да биде потврден во Парламентот.

Доколку се случи тоа, „Хенел”, фирма што е основана во Германија во 1840 година, ќе произведе 120.000 пушки за вооружени сили, заменувајќи ги моделите на „Хеклер и Кох“ – Г36, познати по своите проблеми со прегревање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот