По смртта на Балашевиќ сопругата Оливера ја донираше неговата музичка опрема

Фото: Инстаграм

Семејството Балашевиќ вчера во Нови Сад на Академијата за уметност, ја врачи аудио-видео опремата во вредност од 30.000 евра. Современата техника е значителен придонес во програмата на овој факултет, на кој се школувале два члена од семејството Балашевиќ, ќерките Беба и Јована.

На присутните во име на семејството им се обрати Оливера Балашевиќ, за која воедно ова беше првото јавно појавување и обраќање, по смртта на Ѓорѓе.

Големиот уметник почина на 19 февруари, на 68-годишна возраст, а погребан беше на новосадските гробишта, во присуство на членовите од најтесното семејство.

Ѓорѓе и Оливера беа во брак 41 година, а нивната љубов му беше инспирација за стотици негови песни, безброј романтични изјави и што е најважно им донесе три деца. Според многумина тоа беше една од најромантичните љубовни приказни од овие простори, препеана во неговите песни. На студентската соба во која живеела младата Оливера, денес има плочка со стих „Док она не слети низ ходник студењака…. Оља и Џоле Балашевиќ, 1 јуни 1979“, бидејќи тоа е местото каде што започнала нивната љубовна приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот