По смртта на 14 годишниот тинејџер поради ТикТок тренд, лутиот чипс од предизвикот е повлечен од продажба

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/WFSB - Channel 3 Eyewitness News

„Амазон“ (Amazon) и „Ибеј“ (eBay) го повлекоа од продажба супер-лутиот чипс поврзан со смртта на американскиот тинејџер.

Родителите на 14-годишниот Харис Волобах веруваат дека нивниот син починал од компликации, откако учествувал во опасниот предизвик наречен „Уан чип челинџ“ („One Chip Challenge“), иако резултатите од аутопсијата сè уште се чекаат.

Чипсот беше отстранет од полиците во САД, каде што беше масовно продаван, но увозот од светските продавачи остана на продажба, пишува „Би-би-си“ (BBC).

Фото: Принтскрин/Амазон

„Амазон“ (Amazon) сега соопшти дека ќе го отстрани производот од своите сајтови во САД, Велика Британија, Европа, Блискиот Исток и Африка, откако „Би-би-си“ (BBC) стапи во контакт со фирмата.

Тие, исто така, планираат да контактираат со сите меѓународни купувачи кои неодамна ја купиле закуската за да ги информираат за нивната одлука.

Портпаролот на „Ибеј“ (eBay) рече дека безбедноста на корисниците е „главен приоритет“ и дека ги отстранил огласите за продажба на чипсот.

„Внимателно ја следиме нашата страница и ќе ги отстраниме сите други огласи доколку се појават“, додаваат тие.

Се смета дека популарноста на предизвикот инспирирала многу тинејџери да го купат производот, кој носи предупредувачка етикета. Во четвртокот, Производителот на чипсот , компанијата „Паки“ (Paqui) објави изјава на својата веб-страница за нивната одлука да го отстрани производот од американските продавници.

Компанијата соопшти дека производот е „наменет само за возрасни“, а не за некој со основни здравствени состојби или алергии. Но, тие велат дека забележале „зголемување на трендот и потрошувачката меѓу тинејџерите и другите поединци кои не ги слушаат овие предупредувања“.

„Како резултат на тоа, додека производот продолжува да се придржува до стандардите за безбедност на храната, од огромна претпазливост, ние активно работиме со нашите трговци на мало за да го отстраниме производот од полиците“, се вели во соопштението.

Во понатамошната изјава испратена до „Би-би-си“ (BBC), портпаролот на „Паки“ вели: „Длабоко сме тажни поради смртта на Харис Волоба и изразуваме сочувство до семејството. Се грижиме за сите наши потрошувачи и донесовме одлука да го отстраниме производот од полиците“.

Опасен тренд на ТикТок: 14 годишен ученик почина по компликации од предизвик со пикантен чипс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот