Опасен тренд на ТикТок: 14 годишен ученик почина по компликации од предизвик со пикантен чипс

Фото: Инстаграм

Харис Волобах, 14-годишен ученик од Ворчестер, Масачусетс, почина во петокот, а семејството вели дека неговата смрт била предизвикана од компликации од јадење исклучително зачинет и лут чипс што моментално е тренд на ТикТок, пренесува „Ен-би-си Бостон“.

Според мајката на тинејџерот, семејството верува дека нејзиниот син починал од компликации, откако учествувал во опасниот предизвик наречен „Уан чип челинџ“ („One Chip Challenge“), иако резултатите од аутопсијата сè уште се чекаат.

Фото: Instagram/ boston25

Причината за смртта на Харис не е потврдена, а официјалните лица не споделија повеќе информации за околностите околу овој трагичен настан.

Лоис Валоба, мајката на Харис изјави дека била повикана во училиштето од медицинската сестра, бидејќи нејзиниот син имал силна болка во стомакот, откако изел едно парче од чипсот.

Тој се чувствувал подобро откако се вратил дома, но, кога требале да замине на кошарка, неговиот брат го пронашол онесвестен. Итно бил пренесен во најблиската болница, кадешто била констатирана смрт.

Фото: Instagram/ paquichips

Инаку, „Уан чип челинџ“ („One Chip Challenge“) е предизвик на социјалните мрежи кој вклучува јадење, на наводно најзачинетиот тортиља чипс во светот, при што се чека што е можно подолго, пред да јадете или пиете нешто за да си олесните од лутината.

Чипсот, направен од „Паки“ („Paqui“), доаѓа во кутија на која има слика од ковчег и има предупредување дека треба да се чува подалеку од деца, може да го консумираат само возрасни и не треба да го јаде секој кој е чувствителен или алергичен на зачинета храна.

Фото: Instagram/ paquichips

„Секој кој има потешкотии со дишењето, се онесвестил или има продолжено гадење, треба да побара лекарска помош“, се вели на веб-страницата на производителот.

Во продолжение погледнете видео од овој тренд:

@prettymanbro #형이먹어줄게 세상에서 제일 매운 원칩 챌린지🥵🔥 PAQUI ONE CHIP CHALLENGE MUKBANG #fyp #tiktok #challenge #paqui #onechipchallenge #new #prettyman #sigma ♬ WORTH NOTHING – Fast & Furious: Drift Tape/Phonk Vol 1 – TWISTED & Fast & Furious: The Fast Saga

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот