По синот, сега и таткото и братот на Зоран Заев отвораат фирма за производство на струја

Вице Заев ќе биде управител на новата компанија, чијшто сопственик е неговиот татко, Панче Заев

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, е управителот на новоформирана компанија за производство на струја – „Солар Грин Енерџи“, објави Фактор.

Како што пишува порталот, новата фирма е со адреса на улицата „Гоце Делчев“ во Струмица, а сопственик е таткото на Зоран и Вице, Панче Заев. Според името, а и според најавите од февруари годинава, кога енергетска фирма со назив „Тотал енерџи“ отвори и 18-годишниот син на Зоран Заев, Душко, семејството ќе произведува струја со фотонапонски панели.

„Добродојдена е секоја нова инвестиција во нашата земја, посебна инвестиција во енергетиката, затоа што имаме дефицит на енергија како држава. Фирмата е на син ми. Станува збор за планирање за инвестирање во фотонап централа (сончеви колектори) во струмичката котлина на површина од пет декари и моќност од 470 киловати. Како семејство планираме инвестиции и во фотонапонски централи и користење на сончевата светлина покрај редовните дејства што ги работатме. Произведената електрична енергија лесно може да се продаде на која било од десетте трговски компании кои откупуваат електрична енергија во Северна Македонија“, изјави Заев во април годинава за ИРЛ.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) годинава издаде лиценци на компании за капацитет од 63,5 мегавати од фотоволтаици и од 6,5 мегавати од мали хидроелектрани, а со доаѓањето на енергетската криза, има сѐ поголем интерес за вакви инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот