Синот на Заев, 18-годишниот Душко, основал фирма за производство на струја

Семејството Заеви/ Фото Архива на Слободен печат

Синот на поранешниот премиерЗоран Заев, Душко (18), основал претпријатие за производство на електрична енергија, пренесува порталот Фактор.

Компанијата која ќе ја раководи го носи името „Тотал енерџи“ со седиште во Струмица.

Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании чии сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се „Тотал инженеринг“ и „Тотал електрик“.

Семејството Заеви заедно со своите партнери главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот