Тревор Ноа / Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Тревор Ноа по шести пат ќе биде водител на доделувањето на наградите „Греми“

Познатиот комичар и писател Тревор Ноа шеста година по ред ќе биде водител на доделувањето на наградите „Греми“. Ова ќе биде и последен пат кога ќе биде во оваа улога, пренесуваат странските медиуми.

Организацијата соопшти дека комичарот ќе се врати на сцената „за последен пат“ на 1 февруари, а покрај тоа што ќе биде водител на церемонијата, тој ќе биде и еден од извршните продуценти.

Само пејачот Енди Вилијамс, кој ги водеше наградите „Греми“ седум пати во текот на 1970-тите, има повеќе појавувања како водител од Ноа.

Ноа самиот беше номиниран четири пати за Греми, а оваа година се натпреварува во категоријата најдобра аудио книга, раскажување приказни и нарација за детската книга „Во некосената трева“.

Инаку, меѓу водечките фаворити за 68-то доделување на наградите „Греми“ се Кендрик Ламар, Лејди Гага и Џек Антоноф. Церемонијата ќе се емитува во живо на „Си-би-ес“ и услугата за стриминг „Парамаунт плус“ во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот