По шамарот на Вил Смит, Академијата воведува „кризен тим“ за овогодинешните Оскари

вил смит
Фото: Профимедиа

Академијата за филмски уметности и науки за овогодишните Оскари воведе кризен тим, а сето тоа поради минатогодишниот инцидент со Вил Смит и Крис Рок. Кризниот тим ќе биде задолжен само за вонредни ситуации, а вакво тело досега немало на ниту една церемонија за Оскар.

вил смит
Вил Смит и Крис Рок/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме нашите умови за многу работи што можат да се случат на Оскарите. Имаме цел кризен тим, нешто што никогаш претходно не сме го имале, и многу планови подготвени за различни можни сценарија. Се надеваме дека тимот ќе биде подготвен на се во случај да се случи нешто“, изјави за Time, Бил Крамер, извршен директор на Академијата.

вил смит
Фото: Профимедиа

Тој исто така нагласи дека оваа година домаќин на наградата ќе биде ветеранот Џими Кимел.

„Кимел е некој кој е навикнат на се што носи телевизијата во живо и е свесен дека работите не одат секогаш според планот. Кимел е водител кој знае како да се справи со такви ситуации“, објасни Крамер и нагласи дека минатата година за време на инцидентот со Смит и Рок требаше да реагира многу подобро.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит/ Фото: Профимедиа

Да потсетиме дека Крис Рок ја спомена Џејда Пинкет Смит во својот говор на минатогодишното доделување на Оскарите. Смит првично се насмеа на коментарот, но кога ја виде лутата реакција на неговата сопруга, и тој се налути и излета на сцената и му удрил шлаканица на Рок. Кога се вратил на своето место, Смит извикал: „Не го изговарај името на мојата сопруга“. Овој шамар му донесе десетгодишна забрана да се појави на доделувањето на наградите.

Вил Смит објави смешно видео: Јас кога се обидувам да се вратам на социјалните мрежи по Оскарите

Сè за гледаност: Крис Рок би можел да биде домаќин на доделувањето на Оскарите и следната година

ВИДЕО | Еди Марфи се пошегува: За да бидете успешни, не го спомнувајте името на сопругата на Вил Смит

ВИДЕО | Една година по индицентот на „Оскарите“, Вил Смит најави снимање на четвртиот дел на „Bad Boys“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот