ВИДЕО | Еди Марфи се пошегува: За да бидете успешни, не го спомнувајте името на сопругата на Вил Смит

Еди Марфи / Моментот кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок / Фото: EPA

Актерот Еди Марфи е годинашниот добитник на специјалната награда „Сесил Б. Демил“ за животно дело, во рамки на доделувањето на филмските награди Златен глобус.

Марфи е познат по својот специфичен хумор, којшто е обожаван од страна на бројните обожаватели на неговите комични филмови.

Откако ја прими престижната статуетка, тој се пошегува на сметка на минатогодишниот скандал на Оскарите, кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на својот колега Крис Рок.

„Сакам да ве известам дека постои дефинитивен план што можете да го следите за да постигнете успех, просперитет, долговечност и мир на умот. Постои план и јас го следам цела моја кариера. Многу е едноставно… Само следете ги овие три работи: плаќајте даноци, внимавајте на вашата работа и не го спомнувајте името на сопругата на Вил Смит!“, нагласи Еди Марфи, кој во приватниот живот е близок пријател со Смит.

Како потсетување, Крис Рок беше водител на минатогодишното издание на свечената церемонија на која се доделуваат филмските награди Оскар.

Во својот комичарски настап, Рок шеговито ја спомна фризурата на Џејда Смит, која страда од алопеција. Смит првично се насмеа на коментарот, но кога ја виде лутата реакција на неговата сопруга, истрча на сцената и му удри шлаканица на Рок.

Кога се врати на своето место, Вил Смит извика: „Не ставај го името на мојата сопруга во твојата е**на уста!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот