Вил Смит објави смешно видео: Јас кога се обидувам да се вратам на социјалните мрежи по Оскарите

вил смит
Вил Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Холивудскиот актер Вил Смит за првпат се огласи на неговиот инстаграм-профил откако јавно му се извини на Крис Рок за инцидентот што се случи на годинешното доделување на Оскарите.

На социјалните мрежи, 51-годишниот Смит објави хумористично видео на кое се гледа како бебе горила задева многу поголема горила нежно допирајќи ја.

„Јас кога се обидувам да се вратам на социјалните мрежи“, стои во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Неговата објава во првите неколку часа собра повеќе од 1,5 милиони лајкови, а видеото ги насмеа неговите многубројни обожаватели.

„Ни недостигаш“, „Врати се, те сакаме“, „Ова е пресмешно“, се само дел од коментарите под објавата на актерот.

Да потсетиме, Вил Смит и Џејда неодамна за првпат беа видени заедно во јавноста по скандалот на Оскарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот