По седум години пауза „Dexter“ се враќа на малите екрани

Фото: Профимедиа

Во текот на осум сезони серискиот убиец и полицискиот форезничар Декстер ги освои срцата на милиони фанови, а одлична вест за нив е дека Декстер се враќа на малите екрани, барем на кратко.

Имено, телевизискиот канал „Showtime“ потврди дека нарачале 10 нови епизоди од серијата „Dexter“, а главната улога и понатаму ќе ја толку Мајкл Си Хол.

Снимањето започнува следната година, а првите епизоди би можеле да се емитуваат веќе на есен 2021 година, но засега не е откриено што ќе се случува во новите епизоди.

„Dexter“ е така посебна серија, како за милиони нејзини фанови, така и за „Showtime“. Се договоривме дека ќе ги земеме продолженијата во предвид доколку смислиме доволно креативно продолжение на оваа брилијантна и оригинална серија. Среќен сум што можам да ви откријам дека Клајд Флипс и Мајкл Си Хол пронајдоа начин и сега едвај чекаме да ја снимиме и објавиме“, изјави Гери Левин од Showtime.

Веста е објавена и на Инстаграм профилот.

Фановите оставија безброј воодушевувачки коментари, пишувачки дека едвај ги очекуваат новите епизоди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот