По потресната исповед дека била киднапирана и силувана, Дафи се врати со нова песна (ВИДЕО)

инстаграм

Дафи го објави својот прв сингл по пет години, откако во јавноста откри дека била жртва на киднапирање и силување, нешто што со години го чуваше во тајност.

Таа својата нова песна ја објави на Инстаграм профилот.

„За подобрите денови кои доаѓаат“, напиша пејачката покрај видеото.

Песната која е достапна само на нејзините канали на социјалните мрежи содржи емотивен текст во кој чезнее за времето во кое нема да се оптоварува со минатото.

За само неколку часа видеото е прегледано 46 илјади пати, а пријатилите и искажале пофалби и охрабрувачки зборови.

„Прекрасно, ти благодарам“, „Прекрасна си Дафи, ти благодарам што го сподели ова“, „Твојот глас е волшебен“, „Нека и на овој начин се слушне твојата приказна“, пишуваа во коментарите.

Потсетуваме, Дафи по десет години откри дека била киднапирана, силувана и држена во заложништво четири недели. Таа на својата страна објави целосен есеј, во кој детално опиша се, а како што вели тоа признание ја ослободило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот