По планираниот терористички напад: Тејлор Свифт ги откажа трите концерти во Виена, најважна ѝ е безбедноста на фановите
Американската пејачка Тејлор Свифт ги откажа трите распродадени концерти кои требаше да ги одржи во Виена, на 8, 9 и 10 август.
Препорачано
„Концертите од турејата ‘Ерас’ се откажуваат поради потврдата на владата дека откриле планирани терористички напади. Немаме друг избор освен да ги откажеме трите закажани концерти за сечија безбедност. Во текот на следните десет дена, парите ќе им бидат вратени на сите што купиле билети“, соопштија првично организаторите „Баракуда мјузик“.
Нејзините обожаватели, кои требаше да присуствуваат на концертите во Виена, се во целосен шок и неверување поради оваа вест. Првично се шпекулираше дека профилот на „Баракуда мјузик“ е хакиран, но откако официјалниот фан клуб на Свифт ја пренесе објавата – стана јасно дека веста е точна.
Да потсетиме, австриската полиција приведе две лица кои имале планови за исламистички терористички напад за време на концертите на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, кои ќе се одржат на 8, 9 и 10 август во австриската престолнина, пренесе дневниот весник „Кронен цајтунг“.
Според „Кронен цајтунг“, едниот од нив е 19-годишен Австриец со „македонски корени“, кој „живеел со семејството во градот Терниц“. Тој бил уапсен „под силно сомение за тероризам“. Вториот осомничен е Австриец од Виена.
Полицијата најпрво најави дека концертите нема да бидат откажани, но потоа сфати дека 65.000 луѓе на секој концерт и повеќе од 20.000 надвор од стадионот, очекувано е преголем безбедносен ризик.


