По Оливер Кан и Салихамиџиќ, и тренерот Тухел ќе го напушти Баерн?!

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Баерн Минхен ја одбрани титулата во една неизвесна завршница сезонава во Бундеслигата, но во клубот од „Алијанц Арената“ и натаму е тензично. Само неколку минути откако Баерн ја освои 11 шампионска титула во низа, клубот и официјално потврди дека Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ си заминуваат од Минхен.

Тоа не му се допадна ниту на капитенот на екипата Џошуа Кимих, кој веднаш по натпреварот изјави дека „требало да се почека да помине прославата и дека таквиот потег предизвикува ролеркостер од емоции“.

Баварците се критикувани од сите страни, а поранешниот фудбалер на Баерн и Ливерпул Дитмар Хаман смета дека Томас Тухел (кој во март седна на тренерската клупа) денеска ќе го напушти Баерн, кога ќе сфати во каква средина дошол, пренесува „Дејли Мејл“.

– Кога ќе видите како се третираат луѓето околу вас, се прашувате, дали сакам да работам во ваков клуб? Не смееме да ја исклучиме можноста Томас Тухел наскоро да замине. Но, таа одлука зависи од него – рече Хаман во живо за една германска телевизија.

Следеше коментарот на неговиот колега Ерик Мајер, кој додаде: „Мислам дека Тухел ќе го напушти клубот до понеделник“.

И самиот Тухел призна дека е изненаден и не знае што се случува, а повтори дека Кан и Салихамиџиќ биле тие што го ангажирале на „Алијанц Арена“. Дали навистина ќе размислува за заминување по само два месеци, како што тврди Дитмар Хаман, останува да се види.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот