Титулата на Баерн не ги спаси Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Поранешниот генерален директор на Баерн Минхен, Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ добија отказ веднаш по освојувањето на 11 последователна шампионска титула во Бундес лигата, соопшти германскиот клуб.

Многумина беа изненадени што Кан не беше меѓу почесните гости на мечот во Келн.

Најпрво се посомневаше дека станува збор за здравствени проблеми, но германските медиуми „Билд“ и „Кикер“ веднаш објавија дека на претходниот состанок им биле врачени оставките. Сега тоа стана и официјално.

Досегашниот заменик директор Јан Кристијан Дресен ќе го наследи Кан, додека за наследникот на Салихамиџиќ, како што се наведува, сè уште се одлучува.

Претходно денеска Баерн ја освои титулата со победата од 2:1 во Келн, но пред сè благодарение на Борусија Дортмунд која не ја искористи „меч-точката“ за титулата и освои само бод против Мајнц (2:2).

ФОТО: Најтажен во бундеслигашката драма е Марко Ројс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот