По истрелите во Зубин Поток Србите исплашени, но не се предаваат: Ќе продолжиме со борбата за правда

Фото: Новости

Жителите на Зубин Поток се исплашени по синоќешните истрели, но се уште како што велат не се откажуваат од своите барања и се подготвени да ја продолжат борбата за правда, објави Новости.

Вучин Кељевиќ од Зубин Поток вели дека рафалните истрели траеле околу 15 минути, а се пукало од ридот над неговата куќа каде е стационирана полициска станица.

Паднал и се повредил, а било прекинато и напојувањето со струја во неговата куќа. Тој е исплашен, бидејќи живее со сопруга и дете.

Припадниците на КФОР утрово вршеле истрага на местото на престрелката.

Исплашени се и останатите жители на Зубин Поток, кои поставија барикади на три локации.

Велат дека и покрај се, стравот, пукањете и притисокот, не се откажуваат од нивните барања, а тоа се ослободување на уапсените Срби и повлекување на специјалците на Курти од северот на Косово.

На барикадите во Газивода, една мештанка рече дека мора да се бори и да бара основни права, наместо да седи дома и да решава задачи со своите деца.

На неколку стотини метри од барикадата има пункт на специјалците на РОС, во правец кон Брњак, па сообраќајот на оваа делница е оневозможен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот