По една декада, Реал со 10 порази во Ла Лига

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Десетгодишен анти-рекорд во Ла Лига сруши Реал Мадрид при поразот од 0-1 минатата ноќ од Рајо Ваљекано.

„Кралевите” го забележаа десеттиот пораз во шампионатот, што не се случило од 2009 година, кога тие беа втори зад Барселона. Поразот на Рајо Ваљекано е нешто што не се случило во последните 22 години.

Многумина ги препишуваат лошите резултати од напуштањето на големата ѕвезда во последните години Кристијано Роналдо, кој веќе е играч на Јувентус и предвреме стана шампион на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот