По цели 300 години: „Ноќна стража“ од Рембрант реставрирана со помош на вештачка интелигенција

Instagram
Instagram

Познатото уметничко дело „Ноќна стража“ од Рембрант било реставрирано со помош на вештачка интелигенција. Делото, насликано во 1642 година, било исечено во 1715 година за да биде протнато меѓу две врати во градското собрание на Амстердам.

Оттогаш недостасуваат 60 сантиметри на левиот крај, 22 сантиметри од врвот, 12 сантиметри од долниот дел и 7 сантиметри од десно. Компјутерскиот софтвер кој работи преку машинско учење и бил обучен да обработува постоечки информации ја реставрирал целосната слика за првпат по 300 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rijksmuseum (@rijksmuseum)

Државниот музеј во Амстердам (Rijksmuseum), ​​каде е изложена оригиналната слика, користела две слики за обука на вештачката интелигенција. Првата била скен на оригиналот со висока резолуција, а втората насликаната копија од Герит Лунденс направена пред да биде исечен оригиналот, која е изложена во „Лондонската Национална галерија“.

Наместо да се ангажира сликар за реконструкција, делото е реставрирано пиксел по пиксел во стилот на Рембрант, со користење на скенираните слики како референца за деталите и боите што се користат во оригиналот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kees Keijer (@keeskeijer)

„Нашиот обид е да се направи најдобрата претпоставка, без рака на уметник, за тоа како изгледала – Ноќната стража“, вели Роберт Ердман, научник од музејот.

Сликите потоа биле отпечатени и монтирани на страните на оригиналната слика, за посетителите да можат да го замислат целото платно, како што било наменето од уметникот, пренесува „BBC“.

Реставрацијата може да ја погледнете на веб-страната намузејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот