Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

По 86 години пауза прва муслиманска молитва во Аја Софија, ќе присуствува и Ердоган

Аја Софија е една од најпопуларните турски атракции и минатата година ја посетиле околу 3,7 милиони туристи.

По 86 години пауза петочните муслимански молитви од денеска повторно се одржуваат во Аја Софија, откако од музеј, повторно стана џамија.

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, треба да присуствува на молитвата. Тој истакна дека очекува на молитвата да присуствуваат меѓу 1.000 и 1.500 верници.

Министерот за верски работи во Турција, Али Ербас, назначи тројца имами кои ќе ги водат молитвите во возобновената џамија.

Ердоган / Фото: Twitter

Во пресрет на првата молитва, подот е покриен со тепих избран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи ќе бидат покриени со завеси за време на молитвата.

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Надвор од Аја Софија властите ги одбележаа местата каде на молитвата ќе бидат мажите, а каде жените, а како што е најавено, настанот ќе биде обезбедуван од 17.000 службени лица.

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Во пресрет на денешната молитва, неколку патишта до објектот се блокирани.

Државниот совет, највисокиот административен суд во Турција, на почетокот на јули донесе пресуда во корист на групата која сакаше да ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година Аја Софија да се претвори музеј, бидејќи кај нив постоеле сомнежи за автентичноста на потписот на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, на тој документ.

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Веднаш по објавувањето на таа одлука, Ердоган издаде указ за претворање на „Аја Софија“ во џамија, објект кој од почетокот на својата историја бил византиска катедрала.

Поранешниот музеј долго време беше симбол на секуларизмот во модерната турска република.

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Зградата служела како главна византиска катедрала сè до османлиската победа во 1453 година. До 1934 година Аја Софија била џамија, кога основачот на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, го сменил статусот во музеј.

Аја Софија, Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Аја Софија е една од најпопуларните турски атракции и минатата година ја посетиле околу 3,7 милиони туристи, а и натаму ќе биде отворена за туристи, со тоа што влезот ќе биде бесплатен.

САД, Европската унија, Русија, УНЕСКО и неколку црковни водачи изразија загриженост за промената на статусот на „Аја Софија“. Турција, од друга страна, инсистира на тоа дека тоа е нејзино „историско и суверено право“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот