По 20 години: Дарко Димитров и Ерзана ќе снимаат нова песна

Instagram
инстаграм - јутјуб принтскрин

Композиторот и продуцент Дарко Димитров и пејачката Ерзана сакаат да снимат нова песна, 20 години откако заедно работеа на албумот „Без зборови“.

По овој албум, кој ја направи една од најпопуларните пејачки, Ерзана се повлече од музичката сцена. И иако одамна не пее, нејзините песни и сега се хитови, а „Ноќна кралица“, „На чекор од тебе, „Колекционер“, „Изулија“, Ти“, денес ги слуша и помладата публика.

Дарко не крие дека е горд на овој албум и вели дека песните и денес звучат свежо и модерно. Тој неодамна во интервју за Репортер.мк откри дека и Ерзана сака да сними нешто ново и дека летово најверојатно ќе ја реализираат идејата.

Во контакт сме со Ерзана цело време откако се повлече од музиката и веќе разговаравме да снимиме нешто ново. Ѝ велам: „Дојди Ерзана, треба да си тука“. Таа живее во Америка и има семејни обврски. Со неа навистина направивме фантастичен албум. Тој тогаш звучеше револуционерно, а звучи како да е сега направен. Таа како вокал го нудеше тоа, има фантастични импровизации и знаеше од една нота да направи седум“, изјави Дарко во интервју за Репортер.мк.

Популарниот композитор призна и дека „Без зборови“ му е еден од најдрагите албуми што ги направил во неговата 30-годишна кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот