„Плачеше повеќе од мене“: Емилија Кларк за интимните сцени со Џејсон Момоа во „Game of Thrones“

Емилија Кларк и Џејсон Момоа во серијата „Game of Thrones“
Емилија Кларк и Џејсон Момоа во серијата „Game of Thrones“ / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Ѕвездата на фантастичната телевизиска серија „Game of Thrones“, Емилија Кларк проговори за снимањето интимни сцени во серијата, пишува „Дејли мејл“.

Имено, британската актерка го глумеше ликот на Денерис Таргеријан, улога која ѝ донесе донесе заслужена слава, но и одредени предизвици.

Кларк влезе во серијата на 23-годишна возраст, по школувањето за глума, а на толку млада возраст ѝ беше поставен големиот предизвик да игра еден од најпознатите ликови во целата серија.

Признала дека била преплашена од секс сцените бидејќи не знаела што да прави. Никогаш претходно не била на голем филмски сет, а барањето да се соблече гола пред сите членови на екипажот, но и пред публиката, ѝ било особено тешко.

„Никогаш не сум била на ваков филмски сет, а потоа се најдов на филмски сет целосно гола опкружена со сите овие луѓе и не знаев што треба да правам, што се очекува од мене. Не знаев што сакаат тие, а не што сакам јас“, рече актерката.

Исто така, таа признала дека не знаела дека ќе биде гола пред да ја прифати улогата.

Таа го спомнала и актерот Џејсон Момоа, со кој беше во експлицитна сцена во која неговиот лик Кал Дрого ја силува Денерис Таргеријан. Таа нагласи дека актерот бил многу нежен и професионален кон неа како млада, неподготвена актерка и дека неговата заштита многу ѝ помогнала за време на снимањето.

„Тој плачеше повеќе од мене. Дури сега сфатив колку имав среќа со тоа бидејќи можеше да помине толку многу, многу, многу различни начини“, рече таа, откривајќи дека Момоа бил многу љубезен и внимателен и се грижел за неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот