Пиоли: Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на Европа, тоа е јасно
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите играчи и натаму се во трка да го освојат трофејот во Лига Европа и покрај поразот од Рен со 2:3 во реваншот и начинот на кој се обезбеди пласман во осминафиналето.
Препорачано
– Одиме дома со задоволство што се пласиравме во следната фаза после тежок натпревар. На моменти изгледаше премногу лесно, но ова е Европа. Можевме подобро во првото полувреме, но Рен одигра силен меч. Дефинитивно не ни беше лесно – рече Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
Запрашан за шансите на Милан за пехарот во ЛЕ, еве што одговори стратегот на „росонерите“:
– Ќе се обидеме, тоа е јасно. Имаме добра серија и во Серија А и сакаме да продолжиме вака за да ги стигнеме тимовите пред нас, особено Јувентус. Во осминафиналето во Лига Европа ќе се сретнеме со сериозен тим и нема да биде лесно, кој и да ни падне, нема да се радува ниту противникот, бидејќи ќе се соочи со тим како Милан – вели Пиоли.
Жрепка, Лига Европа (осминафинале) –
Носители: Вест хем, Ренџерс, Ливерпул, Славија Прага, Брајтон, Аталанта, Виљареал, Баер Леверкузен
Неносители: Фрајбург, Спарта Прага, Бенфика, Рома, Марсеј, Спортинг, Милан, Карабах


