Пике го номинираше Ноле, го чекаме одговорот на Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

фото/твитер

Пике се придружи во акцијата „Остани дома“, но и предизвикот „20допириПредизвик“, односно во овој случај со рекетот 20 пати жонглира со тоалетна хартија.

Спортските натпреварувања се одложени, прекинати поради епидемијата на коронавирусот, клубовите и играчите се во домашна изолација со цел да се спречи ширењето на заразата.

Спортистите на различни начини се обидуваат да го поминат времето во своите домови, а помеѓу нив е и одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике.

Овој играч на каталонскиот клуб одлучи да го предизвика првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Пике се придружи во акцијата „Остани дома“, но и предизвикот „20допириПредизвик“, односно во овој случај со рекетот 20 пати жонглира со тоалетна хартија.

Му се заблагодари на рускиот тенисер Андреј Рубљев, а ги номинираше Ѓоковиќ, потоа мотоциклистот Марк Маркез, како и фудбалерите Карлес Пујол и Цеск Фабрегас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот