Петтиот тенисер на светот Џек Дрејпер се повлече од САД опен
Британскиот тенисер Џек Дрејпер, петтиот играч во светот, се повлече од натпреварувањето во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на САД поради повреда на раката.
Препорачано
Неговиот ривал, Белгиецот Зизу Бергс, автоматски се пласираше во третото коло од натпреварувањето благодарение на службената победа.
Дрејпер имаше проблеми уште од Вимблдон, па не одигра ниту еден меч до Њујорк. На Флешинг Медоус, тој стигна до полуфиналето во новововедените мешани двојки со Американката Џесика Пегула, а во поединечна конкуренција го победи Федерико Агустин Гомез во првото коло.
Сепак, пред второто коло и дуелот со Белгиецот Зизу Бергс, закажан за четврток, тој одлучи да се повлече. Причината е што болката во раката е сè уште присутна, што не му дозволува да игра на највисоко ниво.
– Нелагодноста е едноставно преголема – рече петтиот играч во светот, кој стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на САД минатата година.
Jack Draper has withdrawn from the Men's Singles event with an injury.
Zizou Bergs advances to the third round by walkover.
— US Open Tennis (@usopen) August 27, 2025


