Петтата сезона на „Круна“ неизвесна: Никој не сака да го глуми принцот

Фото: Профимедиа

Петтата сезона на една од најуспешните серии на Нетфликс „Круна (The Crown)“ се најде под знак прашалник поради небична причина.

Креаторите на серијата „Круна“, која го прикажува животот на британското кралско семејство, неодамна се соочени со проблеми при барањето на актер кој би го толкувал ликот на принцот Ендру во неговите 30-ти и рани 40-ти години.

Имено, на веб страната „Spotlight“ која ги спојува продуцентите со актерите, воочен е оглас во кој продукциската куќа „Left Bank Pictures“ бара актер за „многу добра улога“.

Се погодува дека причината за проблемот е вплетканоста на принцот Ендру во педофилскиот скандал со починатиот Џефри Епштајн, осуден за сексуално насилство.

„Не не чуди фактот што ѕвездите во подем немаат преголема желба да го глумат принцот Ендру. Тој е еден од најнепопуларните членови на кралското семејство, па токму затоа тоа не е атрактивна улога, ниту улога која ги отвара вратите во Холивуд“, изјави за „The Sun“ извор близок на продуцентите.

Фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Продукциската куќа ги демантираше шпекулациите за проблемите, тврдејќи дека споменетиот оглас е дел од нивната вообичаена процедура.

„Нема апсолутно никакви проблеми со пронаоѓањето на актер за петтата сезона на „Круна“, се изјасни портпаролката на куќата.

Ликот на контроверзниот принц во неговите 20-ти години во четвртата сезона го глумеше Том Бајрн, а снимањето на петтата сезона би требало да почне ова лето.

Да се потсетиме, принцот Ендру – војводата од Јорк, третото дете на кралицата Елизабета II и починатиот принц Филип. Вирџинија Робертс го обвини за силување во малолетничкиот период, па поради соучество во педофилската афера тој стана „црна овца“ во кралското семејство, а кралицата лично му ги одзема сите титули кои тој ги носеше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот