Петта куп титула за ЖРК Металург, Младеновска прогласена за МВП

Петта куп титула во историјата за ЖРК Металург/Фото: РФМ

Денеска во финалето од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција составот на ЖРК Металург со 30:27 триумфираше над Ѓорче Петров ЖРК.

Во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци тимот од Автокоманда успеа по петти пат во својата клупска историја да се закити со куп трофејот. Претходните четири куп титули ги освои во 2010, 2011, 2012 и 2013 година.

Најефикасна во редовите на ЖРК Металург беше Ива Младеновска со девет голови, а на спротивната страна Симона Стојановска која исто така запиша девет погодоци.

Младеновска по завршувањето на финалниот меч беше прогласена за МВП (најкорисен играч на турнирот), а воедно ја доби и наградата за најдобар стрелец.

А од победничката екипа признание доби и Амра Илјаз која беше прогласена за најдобар голман.

Вардар пред двојна круна, Талески им го донесе куп трофејот на „црвено-црните“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот