Петковска: Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката пред судот, сите граѓани се еднакви пред законот (ВИДЕО)

Граѓаните имаат право да знаат за своите права пред судот во кривичната постапка. Граѓаните имаат потреба од ваква работа,, па од таму излезе и прирачникот. Ние работиме на мониторинг на судските предмети, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Ивана Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“.

-Прирачникот е поделен на неколку сегменти кои нашиет граѓани треба да ги знаат. Објаснето е од тоа како се влага во судот, па се до тоа како тече кривичната постапка, кои права ги има оштетениот, трошоците итн. Последниот дел се однесува на правната терминологија, односно термини кои не се доволно познати за луѓето.

-Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката која се води пред судот, тоа значи дека сите граѓани се еднакви пред законот. За сите граѓани постапката пред судот е иста, односно таа треба да биде јавна, брза и непристрасна, водена согласно законите со почитување на човековите права и стандардите за фер и правично судење. Правото на правично судење значи дека секој поединец има можност пред непристрасен и независен суд да ја изнесе својата одбрана и да ги изложи сите докази коишто одат во негова корист. Едно од основните начела е начелото на судење во разумен рок. Ова начело значи дека судот треба брзо и без одолжување да ја спроведе постапката, изјави Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот