Пет намирници кои ги топат масните наслаги ноќе: Можете да ги јадете доцна навечер и нема да добиете вишок килограми

Фото: Unsplash

Ако доцна си легнувате и огладнувате пред да спиете, некои до следните намирници може да изберете да ги јадете затоа што тие се сојузници за одржување на витката линија.

Доколку спаѓате во онаа група луѓе која вечера доцна, тогаш многу е важно кои производи ги бирате затоа што одредени намирници можат да ви помогнат да го намалите гладот, а повторно да не стравувате од дебелеење поради тоа што се одлични сојузници за топење на масните наслаги.

Имено, експертите од Универзитетот во Флорида велат дека 30 грама протеини 20 минути пред спиење имаат добар ефект за вашата линија на тело и дека доколку ви е потребна доцна вечера, може да ги јадете следните намирници.

1. Швајцарско сирење

Домашно, швајцарско сирење или урда е една од најквалитетните намирници меѓу оние кои се наведени како добри за консумирање пред спиење. Тоа е богато со протеини и калциум кои особено се важни за постарите луѓе.

2. Бадеми и лешници

Точно е дека се многу калорични, но нема да јадете полна чинија од нив, туку најмногу една дланка. Докторите советуваат да ги грицкате јаткастите плодови сѐ почесто доколку сакате да имате фит-форма. Иако сите јаткасти плодови се богати со протеини, нутриционистите преферираат лешници и бадеми затоа што содржат изобилство на витамин Е, магнезиум и селен на кои срцето ќе ви биде благодарно.

3. Моцарела

Во 100 грама од ова вкусно сирење се наоѓаат 6 грама протеини, 1 грам јаглехидрати, многу витамин Д, а само 100 калории.

4. Јајца

Иако важат за масна храна, научниците од Флорида тврдат дека тие се одлични за консумирање пред спиење. Содржат многу протеини, витамин Д и други важни нутриенти.

5. Тофу сирење

Тофу сирењето се наоѓа на петтото место и се препорачува за намирница која може да ја јадете навечер. Тоа содржи доволно протеини за да ја сузбие гладта, а не е многу калорично. Се препорачува за жени кои се во менопауза и лица кои не поднесуваат млечни производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот