ПЕТ КТ – Најсовремена технологија за откривање на карцином

One Hospital doktor Biljana Bozinovska

Што претставува ПЕТ КТ?

ПЕТ КТ е хибридна дијагностичка процедура, која се состои од комбинација на: ПЕТ (позитрон емисиона томографија) која ги покажува функциите на органите и ткивата на метаболичко ниво, и КТ (компјутеризирана томографија) која дава детални анатомски информации.

Што може да се открие со ПЕТ КТ?

ПЕТ КТ овозможува навремена и точна радиолошка дијагноза на малигни состојби и одредување на стадиум на болеста, која е суштинска во одлучувањето за процесот на лекување. Современите методи и напредната технологија, како и искусниот радиолошки персонал се од огромно значење при дијагностицирање на малигните болести. Благодарение на оваа опрема, „One Hospital“ Ви нуди
најсовремени услови за дијагноза на пациенти со малигни заболувања.

Дали снимањето со ПЕТ КТ е штетно?

ПЕТ КТ се изведува со помош на радиофармацевтик, поточно радиоизотоп т.н. ФДГ-18ф. Принципот на акумулација на овој изотоп е тоа што тој се врзува за гликозата во клетката, што ја ползува за енергетски потреби, па така зрачењето на коешто се изложувате е минимално .Се применува и кај деца и кај возрасни, а дозите коишто се користат се минимални и не влијаат врз нормалните процеси на организмот.

Дали може да се јаде пред снимањето со ПЕТ КТ?

Не. Пред да се пристапи кон снимање со ПЕТ КТ, пациентите добиваат упатство за подготовка за снимањето, а тоа вклучува одреден режим на исхрана, со цел да се добијат точни резултати. На самиот ден на снимањето, пациентите не треба да јадат, да џвакаат мастики (бидејќи содржат шеќери, а покаченото ниво на гликоза во крвта може да даде сосема други резултати). Може да пиете само вода. Се препорачува и неколку дена мирување кај физички активни пациенти .
Како се изведува снимањето?

Потребно е да бидете облечени во комотна облека. Еден час пред снимањето се аплицира изотоп, а за време на снимањето сте во лежечка позиција на рамен кревет сместен во центарот на цилиндричниот скенер. Снимањето трае 30 минути.

Дали по снимањето може слободно да продолжите со вашите активности?

Апсолутно да. Веднаш по снимањето вие сте способни да продолжите со вообичаените активности. Препорачуваме консумирање многу течности со цел елиминирање на контрастот и радиофармацевтикот.

За колку време се добиваат резултатите?

Нашите специјалисти радиолози, по добиените снимки изготвуваат наод и извештај и ги доставуваат резултатите. Резултатите ги добивате за еден ден.

Да се знае:

  • ПЕТ/КТ открива разни видови канцер, срцеви и невролошки болести. Со неговата примена се елиминира потребата од употреба на дополнителни испитувања и дијагностички процедури.
  • Со примена на ПЕТ/КТ се заменува примена на голем број други испитувања,
  • ПЕТ/КТ обезбедува рано дијагностицирање на многу болести,
  • ПЕТ/КТ го следи текот на болеста и реакцијата на телото по спроведениот третман,
  • ПЕТ/КТ обезбедува важни информации во врска со планирање на лекувањето.

Доктор Билјана Божиновска, специјалист радиолог
„One Hospital“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот