Перез и Ал-Келаифи најавуваат „бомбастична“ размена! – Слободен печат
СпортФудбал

Перез и Ал-Келаифи најавуваат „бомбастична“ размена!

Како што пренесуваат странските медиуми, ПСЖ води сериозни преговори со Реал Мадрид околу можна размена на Нејмар и Герет Бејл.

Нејмар е одлучен да го напушти францускиот шампион, долг период веќе се поврзува со враќање во Барселона, но можно е Бразилецот да се пресели и на „Бернабеу“.

Велшкиот интернационалец воедно веќе не е посакуван во Мадрид, а тоа јавно го призна и тренерот на шпанскиот гигант, Зинедин Зидан.

Перез ги посакува услугите на Нејмар и испраќањето на својот фудбалер во спротивен правец, а и Ал-Келаифи не сака да има незадоволен играч во својот тим.

Се шпекулира дека нова можна дестинација на досегашниот играч на Реал, Бејл се одвојува Кина од каде што има две понуди за Велшанецот.

Британскиот „Телеграф“ пишува дека Пекинг Гуан е еден од ретките клубови кои можат да му понудат неделна плата од околу 670.000 илјади евра.

За Бејл е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Тотенхем, но овој премиерлигаш моментно не е во состојба да му обезбеди иста плата каква што има во Реал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close