Зидан му порача на Бејл: Оди си, подобро за нас!

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Иако беше во составот, францускиот стратег на „кралевите“ не сметаше на услугите на велшкиот интернационалец Бејл во поразот од 1:3 на Интернационалниот куп на шампионите од Баерн Минхен.

– Бејл не игра затоа што е многу близу до заминување и се надеваме дека ова ќе се случи наскоро. Така ќе биде најдобро за сите. Работиме на трансфер во нов тим. Немам ништо лично против него, но доаѓа момент кога работите треба да бидат завршени. Должен сум да ги донесам овие одлуки. Имаме потреба од промена – рече Зидан.

Тој додаде и дека причината за неговото напуштање е тренерско решение, но исто така и на самиот играч.

– Бејл ја знае ситуацијата, која треба да се промени. Не можам да кажам дали за 24 или 48 часа, кога би можел да си замине уште утре, би било подобро за сите нас – додаде Зизу.

Не е познато каде Бејл би ја продолжил својата кариера, но се шпекулира можно враќање во Премиер лигата каде што претходно ги бранеше боите на Тотенхем и Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот