Пелоси назначи републикански претставник кој ќе го истражува нападот врз Капитол

Напад во Капитол Хил / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска официјално го назначи републиканскиот претставник Адам Кинцингер за член на комитетот.

Тој ќе го истражува нападот извршен врз американскиот Капитол на 6 јануари од страна на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Пелоси во соопштение наведе дека Кинцингер „носи голем патриотизам во мисијата на одборот, што подразбира пронаоѓање на фактите и заштита на американската демократија”.

Засега е непознато дали таа ќе именува уште некој републиканец.

Претходно, Пелоси во интервју за Еј-Би-Си рече дека и други републиканци изразиле интерес да работат на панелот.

Кинцингер (43) е ветеран во авијацијата и отворен критичар на Трамп.

Тој беше еден од седумте републиканци кои гласаа за отповикување на Трамп на почетокот на оваа година поради обвинение за поттикнување напад врз Капитол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот