Пеле го избра својот најубав гол, фановите веднаш направија реконструкција (ВИДЕО)

Минатата недела Пеле беше опериран од тумор на дебелото црево/ фото: EPA/MARTIAL TREZZINI

„Кралот на фудбалот“ го избра својот најубав гол но бидејќи натпреварот не беше пренесуван на телевизија, не е снимен, но фановите на Пеле успеаја да го реконструираат.

Едсон Арантес до Насименто Пеле со само 17 години го предводеше Бразил до шампионската титула на Светското првенство 1958 година, а највпечатлив момент беше неговиот гол во финалето против Шведска кој заврши со убедлив триумф на „кариоките“ од 5:2.

Тогаш тинејџерот Пеле успеа да му продаде „финта“ на шведскиот дефанзивец префрлајќи ја топката преку него и потоа со волеј постигна гол кој се смета за еден од најубавите во историјата на фудбалот.

Но, според Пеле, тој гол не му е најубав кој го постигнал во кариерта, туку неговото ремек дело го „направил“ една година подоцна кога постигна сличен гол.

Тогаш во натпреварот од бразилското првенство како член на Сантош му гостуваше на Јувентус од Сао Паоло и направи вистинско ремек дело. Дури на двајца фудбалери на Јувентус им ја продаде истата финта по што постигна гол и доби овации од навивачите.

Бидејќи немало ТВ пренос на тој натпревар од 1959 година, неговите фанови направија анимација и според зборовите на самиот Пеле го реконструираа неговиот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот