3 C
Скопје

Паровите кои го применуваат правилото 2/2/2 засекогаш се како на меден месец – Вечната љубов сепак постои!

Откако постои светот и љубовта, луѓето трагаат по тајната за венчната љубов. Иако многумина мислат дека тоа е „невозможна мисија“, одговорот е сосема спротивен.

Доколку се прашувате како засекогаш да бидете како на меден месец, одговорот е едноставен: излегувајте на состаноци со својата „втора половина“ без децата, пријателите, колегите, роднините…

Кога ќе одвоите време само за вас и вашиот партнер, можете да ги освежите чувствата кои ги имате еден спрема друг, да се потсетите зошто сте заедно и колку љубов има помеѓу вас.

Тоа не само што ќе ви даде прилика да се опуштите, туку и ќе ја зајакне вашата врска.

Правилото 2/2/2 е многу едноставно:

Секоја втора недела излезете некаде навечер – сами.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Ризикот и менаџментот на предијабетес, разговор со д-р Митов

Секоеј втор месец заминете некаде на викенд – сами.

Секоја втора година прошетајте некаде на континентот или надвор од него – сами.

Доколку и понатака се сомневате, само размислете: тоа што вие и вашата втора половина заедно сте заедно некое време, не значи дека треба да престанете да излегувате со друштво, со пријателите, семејството и сл. Не треба да престанете и сами да излегувате, ниту да си забранувате меѓусебно.

Кога сте се забавувале, се ви било ново и интересно, а сигурно и помалку стресно отколку сега особено ако имате деца и во целост сте им посветени.

Излегувањето и шетањето сами ќе ви помогне да го вратите тоа свежо, возбудливо чувство.

Прочитајте и...  Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ со нова девојка: Мустафа Сандал објави фотографија со 20 години помладата Мелис

Дури и кога во вашиот брак „не цветаат рози“, треба да ставите се на страна и да си посветите внимание еден со друг.

Потсетете се поради што сте се избрале еден со друг, потсетете се на вашиот жар и љубовта, потсетете се и низ што се успешно сте поминале…..љубовта ќе го победи останатото.

Поврзани вести

Памела Андерсон ги напушта социјалните мрежи: Нема да заработувате пари на мене!

Слободен печат

Едноставни и вкусни: Меки бисквити со тиква

Слободен печат

Која е вистината? Мила и Ештон цел свет ги разведува, а тие планираат заеднички проекти

Слободен печат

Уште две нови жртви на Мирослав Мика Алексиќ: Едната девојка со потресна исповед

Слободен Печат

Воопшто не им е лесно: За Иванка Трамп и сопругот нема повеќе место во Вашингтон, а не ги сакаат ниту во Њујорк

Слободен печат

Ви го претставуваме виното ANTIGONA 2019 од Стоби

Слободен Печат

Остави Коментар