Парма го претстави Пандев: Добредојде Горан

Горан Пандев во кариерата беше дел и од Џенова/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Екипата на Парма во последните часови од зимскиот преоден рок го донесе поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев кој потпиша шестмесечен договор со можност истиот да се продолжи на дополнителни 12 месеци.

Парма која настапува во Серија Б и официјално го претстави Пандев се пофали со најновото засилување на социјалните мрежи. Управата очекува Пандев и легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, да во вториот дел од сезоната да ја внесат екипата во плеј-офот за пласман во Серија А.

„Добредојде Горан Пандев. Горди сме што можеме да го објавиме потписот на Горан Пандев, на перманентен трансфер од Џенова“, објави Парма.

Овој трансфер претставува мало изненадување бидејќи се очекуваше Пандев кариерата да ја заврши како член на Џенова, а потоа да добие место во управата на клубот. Но, ситуацијата се промени откако претседателот Пречиози го продаде клубот на американски газди по што следеше смена на тренерската клупа, а сега си замина и Пандев.

Сепак, Џенова му се заблагодари на Пандев за петте сезони поминати на „Луиџи Ферари“ стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот