„Парк“ се урива, надлежните си ја префрлаат одговорноста: Дијалог на глувите го бетонира охридското крајбрежје

Се урива ресторанот „Парк“ на брегот на Охридското езеро, за кој активистите на Охрид СОС и Асоцијацијата на архитекти на Македонија побараа да биде заштитен како споменик на културата, јавуваат активисти на оваа граѓанска организација. Просторот е веќе ограден и во моментов се симнуваат елементите од покривот.

Охрид, 19 март 2021

Иницијативата, испратена до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство како и лично до премиерот Зоран Заев беше поттикната од неодамна објавениот план за негово рушење и изградба на 4-катен хотел на 50 метри од брегот и тоа во време кога Охридскиот Регион е на праг да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, токму како резултат на несоодветната и агресивна урбанизација на крајбрежјето.

Ќе никне ли хотел кај дискотеката „Парк“?

Иницијаторите на заштитата на објектот на ресторанот Парк, дело на охридскиот архитект Павел Балабанов од осумдесетите години на минатиот век и предложија на Владата да го откупи објектот од моменталните сопственици и да го пренамени, по неговата конзервација, во Музеј на Охридското Езеро и Студенчишко Блато како споменици на природата и Рамсар центар за посетители.

Точната локација

Граѓанската организација пред еден месец ја алармираше јавноста дека се подготвува уривање на ресторанот Парк и дека на негово место, на помалку од 50 метри од езерската линија треба да никне огромен објект.

Изградбата се коси со препораките на УНЕСКО за Охрид

Според важечкиот Закон за води, како и според Планот за управување со Охридскиот регион забранета е изградба, доградба и реконструкција на објекти во појасот од 50 метри од езерото. На идниот четирикатен хотел од лани му е истечена дозвола за градба, но градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски тврди дека се е според законот.

Георгиески: На местото на ресторанот „Парк” ќе се гради хотел

„Во однос на градежните дозволи, според Законот за градење, надлежен орган за постапување е Општина Охрид“, велат за „Слободен печат“ од Министерство за транспорт и врски.

Министерството издавало одобрение само за објекти од А категорија. Според Законот за градење,  се што е не е согласно со споменатиот Закон, надлежен орган  за постапување е Државен градежен испекторат, посочуваат од Транспорт и наведуваат дека, во однос на кокретниот објект,  Инспекторатот по службена должност имал право да изврши увид дали е истечена дозволата за градење.

Министерот Нуредини за случајот „Парк“ во Охрид: Ги поддржувам сите активности кои се во согласност со законите!

„Третманот на објектите и идните градби во Охридското крајбрежје во планското решение на плановите задолжително треба да бидат во согласност со Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион“, се вели во дописот од Транспорт и врски, но без конкретен одговор дали надлежните органи воопшто ќе превземат некакви чекори да се заштити сегашниот објект на ресторанот „Парк“ и да се спречи изградбата на ново, огромно здание на само неколку десетици метри од езерските води.

Зоран Павлов, Комисија за управување со Охридскиот регион: На општините им е поважен бизнисот од УНЕСКО статусот

Охрид СОС до надлежните: Прогласете го „Парк“ за споменик на културата – заштитете го и езерото и градежното наследство на Охрид!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот