ПАОК и Брага последни патници во осминафиналето во Евро куповите

ПАОК по пенал рулетот обезбеди осминафинале во Лигата на конференции/ фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Екипата на Брага е последниот патник во осминафиналето во Лигата на Европа откако по подобро изведување на пеналите го елиминира Шериф Тираспол со 3:2. Португалскиот тим во регуларните 90 минути победи со 2:0 и ја анулира негативата од првиот натпревар кој заврши со истиот резултат, но за Шериф.

Брага двата гола ги даде во првото полувреме, прво Медеирош во 17 минута го отвори резултатот, а Хорта во 43 минута зголеми на 2:0. До крајот на регуларниот дел и во продолженијата немаше голови по што победникот мораше да биде решен во пенал рулетот. Во него подобри пеналџии се покажаа играчите на Брага кои реализира три пенали, и со 3:2 обезбедија пласман во осминафиналето.

Во Лигата на Конференции, ПАОК исто така по пенал рулетот обезбеди пласман во осминафиналето. Грчкиот тим во пенал серијата славеше со 5:4, откако во регуларниот дел резултатот беше 2:1 за ПАОК.
Во осминафиналето се пласираа уште и Славија Прага која во двата натпревари против Фенербахче славеше со идентични 3:2, и Витесе кој со победата од 2:0 во реваншот ја надомести негативата од еден гол против Рапид Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот