Паника во Кина: Се шири бубонската чума, уште едно село ставено во карантин по смртен случај

Во кинеската провинција Монголија завладеала паника откако во второ село во тој дел на Кина е воведен карантин.

Во градот Бајанур почина маж заболен од бубонска чума на кој му откажале неколку органи. Трагата на неговите контакти води до неговото родно село, кое веднаш беше ставено во строг карантин, неколку недели откако веќе беше затворено едно село, пренесува британски Експрес.

– Местото каде престојувал починатиот е запечатено и се спроведува сеопфатна епидемиолошка истрага, соопштиле властите во Бајанур, предупредувајќи на „опасност од ширење чума и во тој град“.

Во четвртокот во соседниот град Баоутоу, кој е најголем во независната покраина Монголија почина уште едно лице од бубонска чума. Како што соопштиле тамошните власти, мажот починал од колапс на крвотокот при инфекција со бубонска чума, по што веднаш го затвориле селото Суџи Синку, каде починатиот прв пат дошол во допир со болезста.

Бубонската чума е многу заразна и често смртоносна болест, па оттаму и овие екстремни мерки.

Болеста е предизвикана од гриз на аразена болва која обично живее на телата на глодачи, како што се стаорците. Откако бувата ќе го гризне човекот, бактеријата стига до најблискиот лимфен чвор, каде се размножува, предизвикувајќи отоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот