„Пандевци“ доминираат во шампионатот, триумф и над Ренова

фото: Академија Пандев

Денеска во првиот натпревар од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев триуфираше со резултат 2:0 против Ренова.

Против „гипсарите“ на денешната пресметка трите бодови ги обезбедија Марко Рајковиќ во 32 минута и Марио Крстовски непосредно пред самиот финиш на средбата (87.)

В сабота ќе се комплетира петтата рунда, со останатите четири мечеви кои ќе стартуваат од 15.30 часот. Бранителот на титулата Шкендија ќе игра во дербито против Работнички, Вардар е домаќин на Струга Трим Лум.

Потоа, Македонија ЃП ќе се обиде да ја продолжи досегашната серија без пораз сезонава пред своите гледачи против Борец, а Шкупи ќе ги одмери силите против Силекс.

На табелата води Академија Пандев со 13 бодови, осум има Македонија ЃП, по седум имаат Струга Трим Лум, Вардар и Ренова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот